Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Откако ВМРО-ДПМНЕ го презема управувањето со Град Скопје, тој буквално се распаѓа

СДСМ: Откако ВМРО-ДПМНЕ го презема управувањето со Град Скопје, тој буквално се распаѓа

Од СДСМ велат дека скопјани страдаат заради нереализирани бизнис зделки меѓу градоначалничката Данела Арсовска и премиерот Христијан  Мицкоски. 

Од партијата ги обвинија Данела Арсовска и Христијан Мицкоски за хаосот кој се случува во Град Скопје, и последната несреќа со автобусот на ЈСП.

„Откако ВМРО-ДПМНЕ го презема управувањето со Град Скопје, градот буквално се распаѓа. Нема сегмент во кој не назадува живеењето во главниот град заради пропаднатите бизнис зделки меѓу Мицкоски и Данела Арсовска. Последната несреќа со неисправен автобус на ЈСП само потврдува во каква ужасна состојба е градот и претпријатието, но ВМРО-ДПМНЕ тоа не го засега ни малку. Да биде иронијата уште поголема, во моментов нивната екс миленичка Данела Арсовска ги обвинува, дека самите советници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат набавката на нови автобуси за градот“, велат од СДСМ. 

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на X го коментира предлогот за набавка на еко автобуси. Од Градот ги обвинуваат советниците на Коалицијата „За подобра Македонија“ за негласање. 

Слично

Поврзани вести