Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Oтфрламе каква било поврзаност со нaпадот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Oтфрламе каква било поврзаност со нaпадот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ излезе со соопштение со осуда за нападот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

„Како одговорна партија, отфрламе каква било поврзаност со случајот“ - велат во соопштението.

Од СДСМ потенцираат дека „ВМРО-ДПМНЕ мора конечно да ја напушти поразената матрица на конфликт, деструкција и поделби, да покаже елементарна политичка одговорност и во интерес на граѓните да се одлучи за македонската иднина“.

По синоќешниот протест против промена на името, со црвена боја беше обоена зградата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија се сомневаат дека одговорност за нападот имаат структури блиски до власта кои дејствувале по принципот на шарената револуција, "со цел, да го втурнат ВМРО ДПМНЕ во насилство за полесно да се делегитимира борбата против договорот за името".

Слично

Поврзани вести