СДСМ: Орце Ѓорѓиевски доделил тендер на омилена фирма на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ денес објави дека градоначалникот на Скопје,Орце Ѓорѓиевски, само што седнал во фотелјата доделил тендер за „Пирамид билдинг солушнс“, фирма фаворизирана,како што велат од опозициската партија, од страна на општините под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од 2022 година, периодот од минатите локални избори до денеска, оваа фирма во општините под контрола на ВМРО има добиено 51 тендер. 51 тендер! Вредни неверојатни 16 милиони евра!
Едни исти омилени фирми блиски до ВМРО добиваат милионски тендери за многу краток период, кои не можат да се добројат.
Само од општина Аердором оваа омилена фрима има добиено 22 тендри. Од Гази Баба 10, но и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија...секаде каде градоначалниците се од ВМРО.
Низа на тендери финансирани со средства од унгарскиот кредит исто така завршиле кај оваа фирма.
Последниот тендер, во декември 2025 година е со Град Скопје.Веднаш по седнување на Орце Ѓорѓиевски во фотељата, оваа омилена фирма на власта добива тендер вреден 320.000 евра.
Кога седна Орце во градоначалничката фотеља кога добија тендер. Ова е уште еден пример како власта си дели тендери по свој терк“,објави денеска Јон Фрчкоски од СДСМ.
Тој додаде дека според информации доставени од свиркачи, наведуваат дека брачни другари на високи финкционери во ВМРО-ДПМНЕ биле дури и на платен список на оваа компанија, преку договори за дело.
„Овие информации ги истражуваме и дополнително ќе ги објавиме. АКТ ќе го разоткрие целиот систем за испумпување на парите на граѓаните.
Сега на сите во Македонија им е јасно зошто земјата намерно се држи во изолација?
Еве зошто. За пари. За криминални тендери.
Јавното обивнителство, Финансиската полиција, ДКСК дали уште ќе молчат или конечно ќе преземат нешто за скандалите кои ги објавува СДСМ?“, обвини Фрчкоски.
Слично
