СДСМ: Општина Аеродром продава земјиште за 2.000 денари по квадрат кај СЦ „Јане Сандански“
Општина Аеродром продава градежно земјиште по багателни 2.000 денари по метар квадратен. Земјиштето зафаќа површина од 23.000 метри и се наоѓа на атрактивна локација, непосредно до Хотел „Русија“ и СЦ Јане Сандански, реагира денес опозицискиот СДСМ.
„На електронската аукција закажана за почетокот на следниот месец за почетните 2.000 денари по метар квадратен градежно земјиште се бара банкарска гаранција од приближно 2 милиони евра.
Земјиштето е со намена Д3 спорт и рекреација и компатибилни Б намени за комерцијални и деловни објекти предвидува градежна парцела од приземје и три ката со вкупна градежна површина од 80.000 метри квадратни.
Ова отвара цела една низа на прашања и потпрашања поврзани со намерите кои се кријат зад оваа продажба“, гласи соопштението на СДСМ.
Одтаму го прашуваат градоначалникот Дејан Митески, зошто за земјиште што вреди багателни почетни 2.000 денари по метар квадратен или вкупно 47 милиони денари се бара банкарска гаранција од 2 милиони евра?
„За кого е наменето ова земјиште?Ќе никне ли уште еден уште еден спортски комерцијално деловен објект веднаш до Хотел Русија? Кога конечно ќе се престане со бетонизацијата на урбаното јадро на општината?
Граѓаните бараат одговори и итно прекинување на распродажбата на градежно земјиште по багателни цени. ВМРО-ОКГ во Аеродром доби доверба за домаќинско и одговорно управување со општината, а не за распродажба на државниот имот по багателни цени“, реагира партијата.
Слично
