СДСМ: Опозицијата и Груевски да престанат со сценаријата на нестабилност
Од СДСМ денес соопштуваат дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да постапат во интерес на граѓаните и да престанат со сценаријата на нестабилност и криза со коишто не можат да ги спречат правдата и промените.
Од кабинетот на Заев кој чека мандат за влада посочуваат дека парламентарното мнозинство нема да дозволи блокада на целиот државен систем
Ја посочуваат потребата од институциите, политичките партии и сите поединци да знаат дека поттикнувањето тензии меѓу граѓаните и активностите против државните интереси се тешко погазување на Уставот и законите на Република Македонија и казниво дело.
Од СДСМ потенцираат дека Македонија има легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници кое има должност да избере нов претседател на Собранието, согласно Уставот, законите и Деловникот, а потоа и нова реформска Влада која ќе ја заштити унитарноста и ќе обезбеди правда и квалитетен живот за сите.
