Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Оние кои лажно повикуваа на четврти Илинден сега повикуваат на бојкот

СДСМ: Оние кои лажно повикуваа на четврти Илинден сега повикуваат на бојкот

СДСМ реагира на повиците на опозицијата да не се учествува на прославите на Илинден како еден од најзначајните македонски празници со кој се одбележува Илинденското востание и заседанието на АСНОМ во Прохор Пчињски.

„Со повикот до своето членство да не присуствува на одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старата пракса на создавање поделби и тензии меѓу граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.

- Оние кои лажно повикуваа на четврти Илинден, решија да го бојкотираат чествувањето токму на Илинден и на 2-ри Август, со што го погазуваат вековниот стремеж за слободна и независна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ мора вистински да се реформира, да се надмине себеси и деструктивниот начин на однесување и конечно да стави крај на политиките што создаваат поделби меѓу граѓаните.

Одбележувањето на 2-ри август е заедничка вредност на сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната партиска, етничка или религиска припадност.

ВМРО-ДПМНЕ ниту смее, ниту може да им сугерира на граѓаните дали и како да го чествуваат празникот што е длабоко врежан во историјата на нашата заедничка Република Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.


Слично

Поврзани вести