СДСМ: Одлучни сме да воспоставиме функционални институции-следи избор на реформска влада
СДСМ е одлучна да воспостави функционални институции а она што го најавува како иден чекор е избор на реформска влада.
„Парламентарното
мнозинство согласно Уставот, законите и Деловникот, во легална и легитимна
процедура, на мирен начин, пред целата македонска и светска јавност, избра нов
претседател на Собранието.
Изборот беше поздравен од нашите стратешки партнери САД, од ЕУ и од целата демократска јавност.
Сега Трајко Вељаноски треба да му ја предаде функцијата и да продолжат демократсите процедури со давање на мандатот за состав на нова Влада“, соопштија од партијата на Заев потенцирајќи дека парламентарното мнозинство е одлучно за воспоставување на функционални институции, демократија и правда во Република Македонија.
Оттаму дополнуваат дека насилството во Парламентот никогаш повеќе не смее да се повтори и дека за истото ќе има одговорност.
„Останавме смирени и присебни во целиот период на провокации и насилство и покажавме како се мисли на државните интереси и како се сака Македонија. Така ќе биде и во следниот период.
Повикуваме никој да не подлегнува на сценаријата на Груевски кои имаат за цел застранување од демократските процеси и ЕУ и НАТО интеграциите“, посочија од СДСМ.
