Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ обвинува за загаденоста на воздухот, власта во заминување на презема ништо

СДСМ обвинува за загаденоста на воздухот, власта во заминување на презема ништо

СДСМ повторно ја обвини власта дека нема реални политики со кои ќе го намали загадувањето кое е забележително и во период на снежни врнежи и ниски температури. 

- Власта во заминување досега не презема ништо против загадувањето, поради што болниците се преполни со хронични болни, но и со деца! Во ризик е здравјето на граѓаните! Има и жртви. Загадувањето на воздухот, и лекарите велат дека е една од причните за компликациите по здравјето на луѓето.

Еве, синоќа на мерната станица Битола 2 измерени дури 808 микрограми на еден кубен метар ПМ10 честички, што е за 16 пати повеќе од максимално дозволената граница. Во Лисиче се измерени 714 микрограми на кубен метар, што е за 14 пати над дозволеното. Во општина Центар се измерени 625 микрограми на еден кубен метар ПМ10 честички, односно 12 и пол пати надмаксимално дозволената граница, изјави Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и член на Извршниот одбор на СДСМ.



Слично

Поврзани вести