СДСМ обвинува „Скопје е во колапс“, Орце се фали „Снегот не е изненадување“
И прв пат годинава Скопје се разбуди под снежна прекривка, која позитивно ги изненади скопјани а посебно најмалите.
Но снежната убавина беше причина за реакција од страна на СДСМ.
„Орце и ВМРО ги изненади снег во јануари. Градот е парализиран, сообраќајакот е во хаос. Службите не функционираат, не можат со малку снег да се справат. Сега скопјани треба да чекаат да се стопи снегот по улиците за да се движат нормално“, се наведува во соопштението од СДСМ.
„Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО.
Дали ова е „Safe city“?
Затоа СДСМ инсистира на закон кој, како и сè друго, нема да биде злоупотребен од страна на ВМРО.
Исто како што се злоупотребува и парите на граѓаните, кои преку тендери завршуваат во приватни џебови на ортаците на Мицкоски.
Како што изгледа градот денес, така ќе изгледа и цела Македонија – блокирана од сите, поради политиките што се водат. Црна точка во Европа“, се вели во соопштението.
Од друга страна пак, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се пофали дека снегот во зима не може да го изненади градот.
