Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ОБВИНИ: Мицкоски ги загрозува евроинтеграциите само за да го спаси менторот Груевски

СДСМ ОБВИНИ: Мицкоски ги загрозува евроинтеграциите само за да го спаси менторот Груевски

Oд СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека нивна единствена цел е да го спасат криминалот на режимот на екс премиерот, Никола Груевски. 

„На сите веќе ни е јасно – Мицкоски не го интересира владењеето на правото и нашата интеграција во ЕУ и НАТО. Тој има само една јасна задача - да ги штити Груевски, Мијалков и тајкуните на единаесетгодишниот диктаторски режим“, изјави денеска на прес-конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Го обвини Мицкоски дека ја загрозува евроатлантската иднина  на земјата, со цел да го спаси својот ментор Груевски. 

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ пак претходно рече дека планот на Заев е да не се постигне договор и наводно на средбата дошол да не успеат преговорите.

Тој кажа дека Заев си купи уште некој месец мир, но да знае дека правдата ќе дојде, неминовно, неизбежно. 

Седум часа траеше лидерската, но договор за Законот за јавно обвинителство не е постигнат. 

Слично

Поврзани вести