СДСМ: Обвинетиот Груевски го очекува убедлив пораз на 11. декември
Од опозициската партија сметаат дека поминале времињата кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ фалсификувал избори и ги „влечел граѓаните за уши“ и дека нестрпливо се чекаат изборите за народот да му покаже што мисли за него.
СДСМ се јави со реакција на денешната изјава на Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека неговата партија според сите индикации убедливо ќе победи на изборите на 11. декември. Опозициската партија сепак смета дека времето на Груевски е веќе поминато и дека го очекува убедлив пораз на претстојните избори.
- Обвинетиот Никола Груевски го очекува убедлив пораз на 11 декември. Наместо да си се лаже себеси со лажни анкети, Груевски нека си ја подготвува одбраната за на суд зашто дојде времето кога ќе одговара за сите криминали и прекршувања на законите што ги направи изминативе 10 години, велат од СДСМ.
Од опозициската партија сметаат дека поминале времињата кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ фалсификувал избори и ги „влечел граѓаните за уши“ и дека нестрпливо се чекаат изборите за народот да му покаже што мисли за него.
- Тогаш ќе добие одговор и што мислат за богатењето на неговата фамилија и на неговата партија и за целиот грабеж на сметка на граѓаните кои тонат во сиромаштија, сметаат од партијата на Зоран Заев.
