СДСМ: Обвинението против Актор е уште еден доказ зошто Зврлевски мора да замине
„Скандалозното непостапување на Марко Зврлевски кој ја зароби правната држава се покажа на дело со извештајот на ОЛАФ, Европската агенција за борба против корупцијата, по што е покренато обвинение против фирмата Актор за перење пари и проневера при изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица“, соопштуваат од партијата на Заев.
СДСМ уште во 2014 година посочуваше на сериозен сомнеж за криминални активности поврзани токму со изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица.
„Скоро 3 години не постои никаква правна разрешница на овој случај во Македонија токму заради блокираните институции и непостапувањето на Марко Зврлевски.
Јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ го штити Зврлевски, но јасно е и зошто Зврлевски мора да ја напушти фунцкијата којашто ја злоупотребуваше со години.
Правдата и правната држава ќе се вратат и тоа е најголемиот страв на криминалното раководство на ВМРО ДПМНЕ, на Марко Зврлевски и на Никола Груевски“, посочуваат од СДСМ.
Оттаму потенцираат дека ќе има правда и одговорност за сите злоупотреби направени преку институциите на системот
