Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ објави тендерска афера - добивал договори од министерство каде сопругата му е втор човек

СДСМ објави тендерска афера - добивал договори од министерство каде сопругата му е втор човек

СДСМ денеска објави документи со кои тврди дека фирма предводена од сопругот на Гордана Клинчарова, државен секретар на Министерството за дигитализација и втор човек во овој ресор, добил тендери во вредност од 50.000 евра од истата институција.

„Матео Дизајн Дооел“ на Мартин Клинчаров добил два договори од Министерството за дигитална трансформација предводено од министерот Стефан Андоновски.

- Првиот договор е за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2,4 милиони денари, а вториот договор е за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари.

Ете почитувани каде завршуваат парите на граѓаните - во семејните фирми на функционерите на ДПМНЕ. Ова е еклатантен пример за конфликт на интереси и непотизам, но и сериозен сомнеж за корупција, рече денеска Богданка Кузеска, гласноговорникот на СДСМ,покажувајќи ги договорите.

Таа рече дека на овие јавни набавки потпис ставил самиот министер Андоновски. Според Кузеска,истата фирма учествувала во изградба на проектот „Скопје 2014“, со поставување на мермер и реконструкција на мостот „Гоце Делчев“.

Оваа фирма добивала тендери и од Општина Аеродром кога сопругата Клинчарова му била соработничка на претходниот градоначалник а сега министер за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

Слично

Поврзани вести