Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ОБЈАВИ СПИСОК: Поранешни директори, медиуми, братучетки земаат хонорари од Кисела вода

СДСМ ОБЈАВИ СПИСОК: Поранешни директори, медиуми, братучетки земаат хонорари од Кисела вода

Во време на најголема економска и енергетска криза, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо работа и исполнување на ветеното целиот фокус им е ставен на партиски вработувања, трошење пари и полнење на џебовите на нивни роднини и пријатели, изјави денеска Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје. Тој обелодени дека градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски склучил договори за вработувања, меѓу кои и  голем број со авторски договори.

„Преку договори со суми од 40 па и од 50.000 денари, парите на граѓаните завршуваат кај членови на ВМРО-ДПМНЕ, нивни роднини, пријатели, па дури и нивни медиумски поддржувачи.Само во еден месец, ноември 2021 година, Орце Ѓорѓиевски склучил 11 вакви Договори кои се продолжени и во оваа 2022 година, објави Шутаров.


На списокот според него се Славче Трпевски – партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на Катастар кој има договор од 40.000 денари.

„Наталија Митовска – од порталот Инфомакс, медиум кој е под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, исто така има Договор со општина Кисела Вода. Со парите на граѓаните очигледно се плаќа пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и ширењето лажни вести.

Еве го Договорот на Митовска, 24.000 денари месечно, но има и анекс на Договор, како да нешто не било доволно. Исто како Трпески, таа е ангажирана за изготвување Извештај со елаборирање за спроведување програма на месна самоуправа.

Тоа не е се, на списокот партиски договори на Орце Ѓорѓиевски има и роднини и лични пријатели на градоначалникот.

Сара Ѓорѓиевска – роднина, поточно братучетка на градоначалникот, исто така има Договор вреден 30.000 денари.

Прием на странки, телефонски разговори и прием на пошта. Како од цела општина да немало човек за оваа работа па морала братучетката на градоначалникот да биде наградена.

Договор има и за Кирил Митревски, близок пријател на градоначалникот, вреден 50.000 денари но и многу други лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, како Влатко Стојановски, Кирил Димчевски, Сашо Јовановски, Ленче Алтова и други, изјави Шутаров. 


Слично

Поврзани вести