Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ нуди 5.000 достапни станови за млади

СДСМ нуди 5.000 достапни станови за млади

Од СДСМ денес известија дека во партиската програма ќе понудат 5.000 достапни станови за млади со поволни ускиви за кирија.

„Вистина е дека младите си заминуваат од Македонија, секој трет млад човек размислува да се исели од државата затоа што не гледа перспектива. Младите немаат пари да купат стан и да го започнат својот самостоен живот, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.

Платите не се доволни за достоинствен живот, а трошоците растат секој ден.

СДСМ има решенија за младите, во новата платформа нудиме шанса за секој млад човек.

5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот“, објави СДСМ.

Од таму ги повторија и мерките за укинување на данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан.и станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години.


Слично

Поврзани вести