СДСМ: Новиот директор на Урологија претепал колега во 2019
СДСМ реагира на назначувањето на новиот директорот на Клиниката за урологија Башким Шабани од страна на владеачката колаиција, за кој тврди дека пред пет години претепал колега.
„Шабани има судска пресуда од 2020 година со која е виновен дека во 2019 претепал колега, удирајќи го по главата и по телото. Насилници и бивши осудени лица се очигледно главни кандидати за функционери и директори“, реагира опозициската партија.
Од таму имаат и забелешки за главниот ревизор на Ревизијата на претпристапната помош, Афрона Вервизоли, која според СДСМ, порано работела на шалтер во банка.
„Второто кадровско решение, Афрона Вервизоли, кое веќе го истражува Делегацијата на ЕУ во Македонија е целосно потценување на позицијата. Со владина одлука, од минатата недела на таа позиција е назначена Афрона Вервизоли која според медиумите нема соодветни квалификации за таа позиција. Според достапните информации, Вервизоли работела на шалтер во банка, а сега ќе треба да биде главен ревизор на претпристапната помош во ЕУ. Ваков напредок во кариерата е можен само во Владата на Мицкоски, а кои се причините должен е да каже тој“, додаваат од СДСМ.
