Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

Опозициската СДСМ обвинува дека има неуспешен обид на јавноста да и се прикаже уривање на СДСМ одвнатре.

„Токму во период кога е потребно единство во оваа голема борба за Македонија. Во време на силен притисок од режимот на ДПМНЕ и Мицкоски, преку собраниски резолуции со кои се забранува говорот и се гуши демократијата, преку обиди за замолчување, заплашување и политички прогон врз опозицијата. Очигледно, темата со мигрантите е многу поголема отколку што кој било во Македонија можеше да замисли. Затоа не се бираат средства за да се замолчи СДСМ. Ова не е само Резолуција за мигрантите. Всушност, ова е голем проект за забрана на говорот и слободата на мислење зад кој се крие криминален интерес на власта и ништо повеќе. Ова е почеток на диктатура. Сите соработници во овој проект ќе бидат запишани во историјата“, велат од СДСМ.

Партијата реагира дека нема да дозволат да бидат уценети и ги повикаа сите да учествуваат во борбата.

„Пораката на СДСМ е јасна и силна: нема да нè уплашите, нема да застанеме. Обидите ви се неуспешни. СДСМ нема да дозволи да биде уценета од било кој, ниту пак од нечии приватни проблеми. Секој што не може да учествува, затоа што е уценет, не треба да биде дел од оваа голема борба. Започнавме силна борба против криминалот и корупцијата на ДПМНЕ, против шемите за крадење на пари од народот со тендери, застанавме во одбрана од предавството кое и го прават на Македонија и отворивме фронт за правдата, слободата и демократијата. Кој има желба нека се приклучи, кој не може или не сака нека се тргне. Ова е борба за Македонија и ние ќе ја продолжиме“, реагираат од СДСМ.

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Слично

Поврзани вести