СДСМ: Неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се причина за предизвиците со пензиите
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска излезе со соопштение во кое реагира дека 11 годишното расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе оставило пустош во економијата.
За Владата предводена од СДСМ одржливоста на пензискиот систем е приоритет и затоа преку економските политики и Планот за економски раст, се обезбедуваат нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и економски развој, мерки преку кои ќе се стабилизира состојбата со ПИОМ. На тој начин, зголемувањето на старосната граница за одење во пензија нема да биде потребно, велат од владејачката партија СДСМ како реакција на критиките од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се причината за предизвиците со коишто денес се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување. Граѓаните можат да бидат спокојни, Владата предводена од СДСМ презема низа на мерки за санирање на штетите, стабилизација и одржливост на Фондот. Владата се грижи за сегашните и идни пензионери, исплатата на пензиите ќе продолжи редовно и навремено – се вели во соопштението на СДСМ.
