Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Нема подобар квалитет на живот од полноправно членство во ЕУ, кое патем токму ДПМНЕ и Мицкоски го блокираат

СДСМ: Нема подобар квалитет на живот од полноправно членство во ЕУ, кое патем токму ДПМНЕ и Мицкоски го блокираат

Од СДСМ велат дека ема подобар квалитет на живот освен членство во ЕУ.

Според нив, тезата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека уставните измени во овој момент не се важни затоа што нивната партија се занимава со квалитетот на животот на граѓаните е лажна, провидна и нема никаква врска со реалноста.

„Прво, затоа што градоначалниците на ДПМНЕ кои што се локална власт во 50 општини низ државата за 2 години не направија ништо за да го подобар животот на граѓаните. Второ, затоа што нема подобар квалитет на живот за граѓаните од полноправно членство во ЕУ, кое патем токму ДПМНЕ и Мицкоски го блокираат“, пишува во соопштението на СДСМ. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата е готова и треба да се оди на брзи избори. 

ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени, а од власта велат дека ако се соочиме со блокада, тоа скапо ќе ја чини државата и граѓаните, односно ќе заостанеме во евроинтеграциите во однос на Србија, Црна Гора и Албанија. 

Слично

Поврзани вести