СДСМ нема да оди на координативен состанок со Левица за Изборниот законик
СДСМ објави дека денес нема да оди на опозицискиот координативен состанок со Левица за Изборниот законик. Според СДСМ, координативната средба била нарачана од премиерот Христијан Мицкоски.
„Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избори.
Левица најави дека во понеделник ќе бара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик.
Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра.
Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски? Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака? Дали ние треба да ја играме неговата игра и да му правиме театар за јавноста?“, соопштија од СДСМ.
Според СДСМ, нивните предлози веќе се дадени, а Мицкоски сака да манипулира со гласовите од дијаспората.
Слично
