Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ неделава ќе митингува во овие градови ...

СДСМ неделава ќе митингува во овие градови ...

Партиите и официјално на денот на изборната кампања, стартуваат со партиските митинзи.

Почнувајќи од Прилеп и Крушево, денеска СДСМ тргнува во битка за гласови.

Од партијата на Заев неделава ќе митингуваат во неколку општини во главниот град, во западниот и источниот регион а во првата недела од изборната кампања ќе бидат посетени и градови од централниот дел на земјава.

Утре опозицијата е во Скопје при што ќе бидат посетени населбите Драчево и Кисела Вода, а предвиден е минтинг во општината Аеродром во 19:00 пред платото на Т.Ц. Бисер ќе се одржи митинг.

Во среда опозицијата ќе одржи митинг во Демир Хисар и централен митинг во Кичево, додека четврток се во Гостивар и централен митинг воТетово.

Виница и Кочани ќе бидат градовите каде Заев ќе митингува во петок, додека во сабота ќе се одржи митинг во Ѓорче Петров и централен митинг во Карпош.

Првата недела завршува со средби и централен минитнг во Велес со почеток во 19:00 часот, а претходно во 17:30 часот СДСМ и коалицијата ќе одржи митинг во Свети Николе.

Слично

Поврзани вести