Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Не сме во 1903 па ВМРО ДПМНЕ да пишува манифести

СДСМ: Не сме во 1903 па ВМРО ДПМНЕ да пишува манифести

„Денес е 2017, не 1903. Затоа таканаречениот Манифест на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго туку неуспешен обид за враќање во политичкиот живот на дефакторизираниот Груевски“, соопштуваат од СДСМ коментирајќи го вчерашниот Манифест објавен од владеачката партија.

„Волјата на мнозинството граѓани е промени, правда и квалитетен живот во едно општество за сите. Гласот на граѓаните изразен на кредибилни избори никој нема право да го спречи. Формирано е на демократски начин парламентарно мнозинство од 67 пратеници. Има Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија и тоа е единствениот валиден документ за граѓаните. Следува трансфер на власта на мирен начин што никој нeма право да го спречи“, соопштуваат од СДСМ.

Од партијата на Заев велат дека јасно порачале дека нема да се преговара за за амнестија, дека Македонија  ќе биде правна држава и сите кои направиле криминал и злодела врз граѓаните ќе одговараат.

Слично

Поврзани вести