Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Не поминуваат празни фрази Мицкоски, кажи јасен став

СДСМ: Не поминуваат празни фрази Мицкоски, кажи јасен став

Наместо да даде одговор за најважното прашање, референдумот на 30 септември, Христијан Мицкоски денеска повторно излегува со празни фрази, реагираат од СДСМ на изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните освен празни фрази, лажни вести и измислици. Не поминуваат празни фрази Мицкоски, кажи јасен став за редерендумот. Доколку Мицкоски има минимум одговорност за историскиот момент во кој се наоѓа Македонија, досега јавно пред граѓаните ќе го кажеше ставот за референдумот и немаше да се крие зад наводни ,,широки консултации", зад лажни вести и измислици.  Граѓаните одамна ја препознаа несериозноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“ - велат од СДСМ. 

Граѓаните се цврсто определени за развој, напредок и интеграција. На 30 септември граѓаните масовно ќе излезат на референдум и ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО, ќе кажат историско ДА за македонската иднина, стои во реакцијата на СДСМ.

Слично

Поврзани вести