Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ не отстапува за СЈО по двата неуспешни обиди за договор

СДСМ не отстапува за СЈО по двата неуспешни обиди за договор

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, денеска објави дека владеачката партија нема да отстапи ништо во корист на ВМРО-ДПМНЕ за статусот на СЈО по двата пропадната обиди за договор за измените на Законот за јавното обвинителство, во чии рамки треба да се регулира и статусот на оваа институција.

- Немаме намера ништо да отстапиме. Тоа е во согласност со препораките на ЕУ. Најголемата опозициска партија е таа која не го поддржува тој процес. За нас е неприфатлива амнестија за криминалите од претходната власт, изјави денеска Костадинов на брифингот за новинарите.

Суштинскиот судир во обидите да се најде консензуално решение пред двотретинското гласање за законот е тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара СЈО да не биде независно тело, туку да оди под капата на основното обвинителство и да се најде полесна можност за промена на главната обвинителка Катица Јанева.

Слично

Поврзани вести