Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ не го осудува дочекот на Курти, ама побара од Мицкоски да го направи тоа

СДСМ не го осудува дочекот на Курти, ама побара од Мицкоски да го направи тоа

СДСМ не го осудува вчерашните контроверзни посети на косовскиот премиер Албин Курти на Скопје и Тетово, но побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го направи тоа. Од таму велат дека настаните ги организирале негови соработници.

„Сите одговори на прашањата околу вчерашните настани во Скопје и Тетово треба да ги даде Христијан Мицкоски.

Неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ се организатори на настаните во Скопје и Тетово.

Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.

Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.

Јавноста знае дека Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата. Ако денеска ДПМНЕ е наводно згрозена од неговото дејствување нека му се обрати директно“, соопшти денеска владеачката партија.


Слично

Поврзани вести