Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

ВМРО-ДПМНЕ изрази разочараност од тоа што опозициската СДСМ денеска не упати честитки по повод државниот празник Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври., кога е основана тајната револуционерна организација.

„Овој потег на СДС покажува целосно непочитување кон историските вредности и борбата на македонскиот народ за слобода и независност. Каде е СДС да го честита празникот, или можеби и натаму Венко Филипче размислува како претходниот Зоран Заев дека Бугарите биле администратори, а дека македонскиот јазик не постои? Дали навистина СДС сметаат дека македонската држава се создала без никаква борба и жртва како што тврдат во Бугарија и како што кажа Заев“, реагираат од владеачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека станува збор за датум посветен на одржувањето на овие свети идеали и на чувањето на македонскиот идентитет и национално достоинство.

„Ги повикуваме граѓаните да се обединат околу вредностите кои нè поврзуваат и да продолжат да ја слават борбата за слободна и суверена Македонија, бидејќи револуционерниот дух е жив и борбата за нашата татковина продолжува“, дополнуваат од таму.


Слично

Поврзани вести