СДСМ: Не функционира новиот е-дневник на Јаневска
СДСМ реагира дека не функционира системот е-дневник во образованието, иако учебната година започна во понеделникот,упатувајќи критики на адреса на министерката Весна Јаневска.
- Јаневска го претстави новиот е-дневник како „унапреден систем со вештачка интелигенција“. А во реалноста пораз, системот е блокиран.
Наставниците не можат да работат, системот блокира, не снима податоци и не прифаќа информации.
Стариот е-дневник е затворен, а никој не знае каде завршиле податоците на учениците.
Поголем дел од наставниците сè уште немаат пристап, а учебната година веќе започна.
Наместо да се обучат наставниците, тие се оставени сами да се снаоѓаат во целосен дигитален хаос, реагираат од опозициската партија.
Од таму додаваат дека во некои региони наставници седат дома без настава и добиена плата,затоа што, како што велат, не била потпишана, а исто така реагираат и на тоа дека недостигаат нови учебници за образовниот процес.
Слично
