Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Најмалку четворица полицајци се повредени на празникот 4 Јули

СДСМ: Најмалку четворица полицајци се повредени на празникот 4 Јули

Владеачкиот СДСМ денеска излезе со реакција на извештајот на МВР дека четворица полицајци се повредени при вчерашниот протест пред Владата. Од таму велат дека виносвни за вакциот епилог се ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и лидерите на овие две опозициски партии.

СДСМ додава дека на Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

„Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси.

Повредите се од удари со камења и други предмети. Македонската полиција успеа да ја задржи ситуацијата под контрола и да ги спречи намерите на оние кои безмилосно нападнаа врз македонските полицајци“, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Слично

Поврзани вести