СДСМ убеден дека имиња на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се на избирачки списоци за гласање во Бугарија
Mнистер за одбрана Красимир Каракачанов на својот фејсбук профил објави список на имиња какви што имаат високи вмровски функционери кои се запишани на избирачките списоци.
СДСМ верува дека овие имиња се совпаѓаат со тие на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на избирачкиот список за гласање на парламентарните избори во Бугарија на 1 април.
„Не е проблем што половина раководство и пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, од Антонио Милошоски до Бојан Стојановски, Александар Николовски, потпишале изјава дека се бугарски производ и земале бугарско државјанство.
Проблем е што глумат загрижени и поголеми македонци од нас, кои немаме резервна татковина, за разлика од нив!“, објави Коста Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.
Каракаланов објави дека на избирачкиот список имало имиња како Александар Николоски, Марија Петрушевска (Средец), Антонио Милошоски (В'зраждане), Никола Мицевски, Стефан Андоновски, Иван Јорданов, Игор Здравковски (Ќустендил), Марија Андоновска, Бојан Стојановски, Дејанчо Ефтимов и Здравко Трајанов (Благоевград).
