СДСМ: МВР, истражните и судски органи целосно да го расчистат случајот со палењето на автомобилот на Груби
Од СДСМ доцна синоќа испратија соопштние во кое го осудија, палењето на возилото кое го користел вицепремиерот Артан Груби.
„Очекуваме сите надлежни институции, МВР, истражните и судски органи целосно да го расчистат случајот, а јавноста да биде информирана за причините, мотивите и сторителите кои треба да понесат одговорност“, наведуваат во кусото соопштение на СДСМ.
За запаленото Ауди, Груби кажа дека е на негов пријател, а не негово. Во полиција како сопственик на возилото се води друго лице. Груби такво возило нема пријавено во анкетниот лист. Истражните органи треба да утврдат кој е вистинскиот сопственик на автомобилот и дали вицепремиерот криел имот.
Слично
