Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ му подготви црно на бело на Ахмети - Ќе ги чека потписите

СДСМ му подготви црно на бело на Ахмети - Ќе ги чека потписите

СДСМ веќе ги подготвиле писмените гаранции кои Али Ахмети ги побара од нив за да им ги даде потписите на своите пратеници што е главен услов за потоа претседателот Иванов да го додели мандатот на новото парламентарно мнозинство и да преговара за составување на идната влада.

Подготвени се писмените материјали што Али Ахмети ги бара од Зоран Заев  и наскоро ќе бидат доставени до ДУИ, велат за Алсат-М извори во СДСМ. Засега не се прецизира нивната содржина. Социјалдемократите сметаат дека следната недела ќе биде одлучувачка за партијата на Ахмети – очекуваат дека ќе ги добијат неопходните пратенички потписи за добивање мандат за составување влада.

Паралелно, работните групи на двете партии разговараат за деталите од идната владина платформа, а ќе се чека и на потписите од БЕСА и Алијансата на Албанците каде клучна ќе биде албанската декларација со повеќе етнички барања. 


Слично

Поврзани вести