Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ МУ ОДГОВОРИ НА МИЛОШОСКИ: Интерес на граѓаните и на Владaта е да се стави крај на изолациите

СДСМ МУ ОДГОВОРИ НА МИЛОШОСКИ: Интерес на граѓаните и на Владaта е да се стави крај на изолациите

Интерес на граѓаните и на Владaта е Македонија да има добра соработка со соседите и да стави крај на кавгите и изолациите, стои во реакцијата на СДСМ на прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. 

Од СДСМ велат дека Милошоски денеска кажал многу невистини, иако како претседател на Комисијата за надворешни работи имал целосен увид во Нацрт-верзијата за договорот за добрососедство со Бугарија.

Во реакцијата од СДСМ се вели дека за договорот граѓаните ќе бидат целосно и навремено информирани, а одлуките за сите прашања ќе ги носи Собранието како највисок државен орган.

Милошоски претходно истакна дека коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесе барање за свикување итна јавна седница на Собранието за разгледување на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Слично

Поврзани вести