Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

Министерката за финансии најпрвин нè повика на средба „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш одговори позитивно и ја прифати поканата. Вчера пратениците ја повикаа во Собранието, но неа ја нема, пишува во соопштението кое утрово го испратија од опозициската СДСМ до медиумите.

- Прво повикува, а потоа бега. Бега затоа што јасно баравме средбата да биде јавна, пред камери, пред граѓаните. 

Да ни објасни како за две години ја задолжија државата со нови 2,5 милијарди евра, како долгот стигна до 11,3 милијарди и зошто бара нови кредити за нови тендери.

Ја нема. Зошто? Затоа што не може да објасни. Како и секогаш кај ВМРО - сè е лага и пропаганда. Кога треба да одговараат со факти и бројки, тие бегаат или создаваат нов дефокус - нагласуваат од СДСМ. 

Потоа додаваат оти „граѓаните заслужуваат вистина, а не алиби и театар. Одговорност, реформи - Европа сега“.


Слично

Поврзани вести