СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ
Опозициската СДСМ преку соопштение реагира дека владата испланирала реализација на дел од проекти финансирани со Британскиот кредит, а кој според нив, е врзан со мигранти.
„Сценариото на власта и договорите за распродажба на Македонија преку мигранти за пари се веќе јасни и потврдени. Еве нов доказ: Во Буџетот за 2026 година, владата на ДПМНЕ-ЗНАМ испланирала заеми од странство од 1,4 милијарди евра. Внимавајте, дури владата најавува дека во 2026- та ќе започне и реализација на дел од проекти финансирани и со пари од Британскиот кредит од 6 милијарди евра. А кредиот е пакет врзан со мигранти, мигранти за пари, како што објавија и сите релевантни британски медиуми“, соопшти СДСМ.
Партијата реагира дека ова е уште една потврда дека договор „мигранти за пари“ има.
„Ова претставува уште една потврда, нов доказ дека договор мигранти за пари има. Се она што СДСМ го зборува се потврдува секој ден. На ова предавсто на Македонија, на овие криминални политики граѓаните ќе им стават крај. Борбата започна и нема да престане. Сите ќе одговарате“, реагира СДСМ.
