Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Мицкоски се подготвува за уставни измени, комисијата работи континуирано

СДСМ: Мицкоски се подготвува за уставни измени, комисијата работи континуирано

Опозициската СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски се подготвува за внесување на Бугарите во Уставот, посочувајќи дека Заедничката историска комисија меѓу Македонија и Бугарија работи континуирано, без доволна транспарентност кон јавноста.

  • -Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски потврди дека Заедничката историска комисија редовно одржува средби. Како е можно јавноста да не знае дека таа работи континуирано веќе две години? – реагираат од СДСМ.

Од партијата прашуваат што е содржината на тие средби и дали тие се поврзани со подготовка на уставни измени.

  • -Што се договара зад затворени врати ако не се подготвува внесување на Бугарите во Уставот? – наведуваат од СДСМ.

Според нив, изјавите на премиерот дека „во јуни ќе ги реши сите реформски прашања“ и дека се очекуваат позитивни сигнали од Брисел, директно упатуваат на исполнување на условите за напредок во евроинтеграциите.

  • -Основното барање од Европа е внесување на малцинствата во Уставот. Ако се најавува решавање на реформите, тогаш е јасно за што станува збор – истакнуваат од партијата.

Од СДСМ додаваат дека работата на историската комисија е дополнителен индикатор дека процесите се одвиваат, иако тоа, како што велат, не се комуницира јавно.

  • -Кога комисијата работи, значи дека паралелно се подготвуваат чекори кои јавно се негираа – велат од СДСМ.

Партијата го повторува својот став дека внесувањето на малцинствата во Уставот е неопходно за продолжување на европскиот пат на државата.

  • -СДСМ останува на позицијата дека уставните измени се потребни за напредок кон Европската унија – порачуваат од партијата.

Слично

Поврзани вести