Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Мицкоски се обиде да ја скрие средбата со Главчев

СДСМ: Мицкоски се обиде да ја скрие средбата со Главчев

Oд СДСМ велат дека премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација не остварија ниту една значајна средба со стратешките партнери, не испратија ниту една конкретна порака за да ги подобрат позициите на државата во меѓународни рамки или пак во однос на Грција и Бугарија.

Според нив, Мицкоски се обиде да ја скрие средбата со бугарскиот премиер Димитар Главчев, за која бугарскиот премиер рече дека била „долга и широка“.

„Со тоа е јасно дека ништо од она што го ветуваше не смеел ниту да го стави на маса, а Главчев јасно повтори дека позициите на Бугарија остануваат непроменети. Додека грчкиот премиер неколку пати јасно ги повтори своите позиции во САД, Мицкоски имаше протоколарни средби на ниско ниво додека неговите министри се сликаа во околните кафулиња. Бугарија и Грција јасно си ги заштитија своите позиции, силно го испромовираа својот наратив, а Мицкоски сними едно видео доцна во ноќта во кое ни кажа дека гордо ја бранеле државата“, велат од СДСМ. 

Според нив, наместо да се обиде да го среди хаосот кој неговата Влада го созададе за само три недели, Мицкоски верува дека ако силно повторува колку е горд ќе успее нешто да промени. Очигледно или е целосно исклучен од реалноста или има јасни намери да ги наруши позициите на земјата и да тера по сосема друг пат. 

Слично

Поврзани вести