СДСМ: Мицкоски одбил интервју за „Тајмс“ во Лондон за да избегне прашања за емигрантски кампови
СДСМ објави дека премиерот Христијан Мицкоски одбил да даде интервју за „Тајмс“ за време на самитот за Западен Балкан во Лондон за да избегне можни прашања за евентуалните кампови за емигранти.
„ Бидејќи нашата влада веќе речиси цела година договара ваков тип на заеми и инвестиции, најави кредит од 7 милијарди евра од Британија, Мицкоски веќе не може да се крие и мора јасно да одговори:
Што точно се разговара на темата мигранти и кампови за мигранти?
Дали е точно дека со договорот за заем има и друг договор за мигрантите кој владата не го соопштува?
Зошто Мицкоски, кој единствено нешто што прави е ПР, одбил важно интервју за „Тајмс“? Ова го потврди самиот медиум. Зошто, ако нема што да крие, тој избегал?
Дали се чека да поминат изборите па да се соопшти оваа вест?“, праша денеска Богданка Кузеска на прес-кнференција.
Гласноговорничката додаде дека Мицкоски досега тврдел дека нема никаков договор за таква работа, но информациите, како што рече таа, говорат поинаку.
„ Граѓаните имаат право да знаат што точно се разговара. Ова не е прашање за кое Мицкоски може сам да носи одлуки без да ја информира јавноста“, додаде Кузеска.
Слично
