Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Мицкоски надвор од политика, за него гласовите на Албанците вредат помалку

СДСМ: Мицкоски надвор од политика, за него гласовите на Албанците вредат помалку

СДСМ преку официјална реакција денеска побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкопски, да си замине од политиката, откако тој на денешната прес-конференција рече дека најголемата опозициска партија освоила повеќе гласови и мандати од владеачката партија доколку не се смета предизборната коалиција со БЕСА.

„Христијан Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да бори. После 16 часа од поразот, ни срам ни перде, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност.

Денеска Христијан Мицкоски повторно го потцени народот. Тој е поразен политичар кој го потценува народот, Македонците, Албанците и другите.

Ваков очаен политичар што смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите може да оди најмногу во опозиција, а најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа ги потцени и сите во неговата коалиција во која има претставници и од други етнички заедници“, гласи реакцијата на Социјалдемократскиот сојуз.

Во продолжение од таму му порачуваат на Мицкоски дека допрва „ќе се тресе“ неговата фотелја како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести