Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Македонската химна никогаш не била спорна во преговорите

СДСМ: Македонската химна никогаш не била спорна во преговорите

После нападите од ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ се срами од сопствената химна и сопствената гарда, со реакција се јавија од власта.

„Залудни се обидите на Мицкоски преку измислени и непостоечки случаи да ја врати државата во темното минато на изолација, уназадување и неизвесност.

Како што јавно соопшти Владата, поради доцнењето на слетувањето на авионот, а со цел да се исполнат сите активности од агендата, биле изоставени сите протоколарни свечени активности при дочекот, вклучително гарда, цвеќиња, воени почести, интонирање на химната и слично.

Македонската химна ниту била ниту е спорна или предмет на преговори. Таа досега била интонирана во повеќе прилики во присуство на официјални претставници од грчка страна и натаму ќе биде интонирана согласно протоколите. Македонската химна е признаена од целиот свет.

Со тоа паѓаат во вода конструкциите на Мицкоски кој продолжува со лицемерието и лажниот патриотизам.

Вчерашната прва посета на еден грчки премиер на Скопје во 28 години е доказ дека пријателствата носат економски придобивки,  успешноста политиките на Владата предводена од СДСМ во намерата државата да стане дел од демократскиот развиен свет.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да ја вратат државата назад, наместо на измислици нека се подготват за пораз на претстојните избори.“, соопштуваат од СДСМ.


Слично

Поврзани вести