СДСМ: Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината
СДСМ тврди дека Македонија е прва во Европа по
изгорена територија во однос на површината.
Според нив, целосното потфрлање на ВМРО-ДПМНЕ во справување со пожарите минатата и оваа година донесе невидена катастрофа.
„Податоците се аларманти. Минатата 2024 година, изгореле 95.181
хектари во Македонија. Дури 8 пати повеќе отколку од просекот во последните 17 години“, објави
СДСМ.
Велат дека изгорените 95.000 хектари зеленило, шуми, пасишта ја става Македонија прва во Европа ако се спореди соодносот меѓу изгорената површина со површината на земјата.
„Статистиката покажува дека во 2024 година најмногу изгорена површина имало во Португалија, околу 140 илјади хектари, па во Турција, околу 119 илјади хектари и во Македонија 95 илјади хектари изгорена површина. Но, Португалија е значително поголема со површина од 92.000 километри квадратни површина, Турција има речиси 800.0000 километри квадратни а Македонија околу 25.000 квадратни километри површина. Тоа значи дека во однос на површината на земјата во Македонија има изгорено убедливо најмногу територија во Европа! Ова е огромна природна и еколошка катастрофа“, велат од СДСМ.
Додаваат дека изгорени се повеќе од 20 отсто од вкупната површина на македонските
шуми и пасишта.
Словенија и Чешка се вклучија со свои екипи за да помогнат за гасење на пожарите.
фото принтскрин ДЗС
