Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: ЛДП има право самостојно да одлучува

СДСМ: ЛДП има право самостојно да одлучува

„Мнозинството во Собранието и коалиција во Владата се стабилни, посветени на реализација на ​ утврдените цели и програми, во интерес на граѓаните. ЛДП има право самостојно да одлучува за својот партиски пристап кон јавноста, но тоа никако не влијае во односите на коалицијата и активностите што се пред нас. Постојаното пласирање лажни вести се само за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ“, гласи денешната реакција на СДСМ откако коалициониот партнер ЛДП вчера објави дека двата нејзини пратеници ќе делуваат независно надвор од коалицијата.

Либерално-демократската партија донесе одлука за самостојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски. Оваа одлука била донесена на седница на Централниот одбор на партијата уште од месец август 2020 година, но се уште не е реализирана од објективни причини, соопшти ЛДП.

– Како партија донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно делување во македонскиот Парламент заради подобро претставување на либералните вредности и поголем простор на делување од страна на нашите пратеници, рекоа од таму.



Слично

Поврзани вести