Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ кратко се огласи за снимката за „Рекет“

СДСМ кратко се огласи за снимката за „Рекет“

За денешните објавени материјали поврзани со случајот „Рекет“ се огласија кратко и од владеачката партија.

Од Струмица, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов вели дека објавата на таа снимка е смислено сценарио.

„Објавата на снимката е дел од смислено сценарио кое нема да успее, Мицкоски да одговори за средбите со луѓето кои се гледаат на снимките!“, соопштуваат од СДСМ.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води предметот „Рекет“, пак, не прецизираат дали снимката им е позната и дали ја имаат како доказен материјал, само потенцираат дека не е добиена од извори во ОЈО.

Слично

Поврзани вести