Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Клиничкиот центар ќе биде изграден по светски стандарди

СДСМ: Клиничкиот центар ќе биде изграден по светски стандарди

СДСМ возврати на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ја блокира изградбата на новиот Клинички центар само затоа што тоа бил проект на претходната влада и посочи дека доколку навистина имале желба тогаш ќе го изграделе.

„Колку ВМРО-ДПМНЕ и Тодоров се грижеле за здравството докажува и фактот што Клиничкиот центар во Скопје цели 10 години не плаќал вода, што клиниките работат во катастрофални услови, со застарена опрема и без соодветен кадар. Доколку навистина ги интересираа потребите на граѓаните, Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ немаше да потпишуваат сомнителни договори за изградба само на интерни клиники, а не и на комплетен Клинички центар“, с евели во реакцијата.

Од СДСМ додаваат дека Владата ќе изгради нов модерен клинички центар по светски стандарди, а на сегашната локација ќе се изгради Дијагностички центар со лаборатории. 

„Пациентите, повеќе нема да бидат препраќани од клиника во клиника, да шетаат низ ходници и да бидат оперирани во фоајеа на клиниките како што беше во времето на Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во реакцијата.


Слично

Поврзани вести