СДСМ: Ќе спроведеме реформи што ќе донесат правда, еднаквост и живот
СДСМ, како што се обврза пред граѓаните, ќе предводи Влада која во целост ќе ги спроведе потребните реформи што ќе донесат правда, еднаквост и живот за сите граѓани, велат од партијата.
Објаснуваат дека преку зголемена државна помош за претпријатијата ќе се обезбедат нови работни места и повисоки плати, ќе има повисоки субвенции за земјоделците.
„Ќе се отворат евро-атлантските перспективи на Македонија, ќе се земат предвид препораките од Извештајот на Прибе и Европската комисија и ќе има и реформи во судството согласно најдобрите европски пракси. Наместо досегашното партизирано сваровски судство, Македонија ќе добие независно, професионално и неселективно судство пред кое сите ќе бидат еднакви. Македонија конечно мора да стане правна држава со независен судски систем. Единствените исплашени од правната држава и правдата што доаѓа се Никола Груевски и неговите соработници кои преку децениското криминално владеење и нанесоа огромни штети на државата. Ќе има одговорност за сите штети што и се направени на Република Македонија и на нејзините граѓани и за тоа ќе нема компромис. Заврши времето на антиреформската фамилија во раководството на ВМРО-ДПМНЕ која 10 години владееше криминално за лично богатење. Заврши и времето и на Марко Зврлевски кој ги штити нивните криминали и ја попречува правдата наместо да ја спроведува“ - велат од СДСМ.
Македонија ќе биде правна држава со еднакви права и обврски за сите, се вели во соопштението на СДСМ.
