Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ќе митингува, Илинденска пред Влада затворена до понеделник

СДСМ ќе митингува, Илинденска пред Влада затворена до понеделник

СДСМ утре ќе го одржи својот централен митинг како дел од изборната кампања за локалните избори на 15 октомври. Заради поставување на бината, како и останатите елементи делот од булеварот Илинден пред Владата на Република Македонија ќе биде затворен до понеделник поради што ќе има воведување на посебен сообраќаен режим.

Сообраќајот на булеварот „Илинден“ на потегот од крстосниците со булеварите „Гоце Делчев“ и „Св. Климент Охридски“ од 18 часот вечерва до 8 часот во понеделник ќе биде во прекин во двата правци.

Како што соопштија од МВР сообраќајот пред Владата на РМ, ќе биде во прекин поради предизборен митинг, а ќе се одвива десно по булеварот „Св. Климент Охридски“ и по булеварот „Гоце Делчев“ и лево по булеварот „ВМРО“.


Слично

Поврзани вести