СДСМ ќе ги објави министрите вечерва по седницата на ЦО
Портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска, информираше дека имињата на министрите во новата Влада ќе бидат објавени вечерва по седницата на Централниот одбор на партијата, како и на оној на коалициониот партнер ДУИ.
- Денеска ќе има Централен одбор. Договорот на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде изгласан од Централниот одбор, како и на оној кој ќе го одржи ДУИ, и секако ќе се донесат одлуките и за кадровските решенија. Деталите за овие прашања ќе бидат објавени по седницата, рече Кузеска.
Засега со имињата на новите министерски позиции и рокади само неофицијално известуваат медиумите, но тие се непотврдени од коалиционите партнери кои вчера објавија дека е постигнат договор за формирање на нова Влада.
Слично
