СДСМ ќе достави писмена гаранција до ДУИ за почеток на преговорите
СДСМ ќе достави писмена гаранција до ДУИ за почеток на преговорите за формирање на Влада.
По завршувањето на средбата со еврокомесарот, Јоханес Хан лидерот на СДСМ, Зоран Заев вети дека ќе го исполни барањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, писмено да достави она што е неопходно за продолжување на преговарачкиот процес.
Од ДУИ нема официјален став за реакцијата на СДСМ. Не се знае кога ќе биде свикано централното претседателство на партијата за да одлучат што понатаму.
По вчерашната средба со Хан, немаше изјава само на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, а партијата денеска се огласи со соопштение во кое се вели дека еврокомесарот го запознале со своите јавно искажани ставови.
Слично
