Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ќе бира кандидати за пратеници, се планира половина да бидат жени

СДСМ ќе бира кандидати за пратеници, се планира половина да бидат жени

СДСМ ќе формира комисија која ќе ги рангира кандидатите за пратеници за престојните предвремени парламентарни избори. Во оваа работна група, како што најави партискиот претседател Зоран Заев, ќе има и надворешни членови, односно експерти, а целта е да се изберат најквалитетните и најсоодветни кадри што ќе ги претставуваат СДСМ и коалицијата.

По седница на Централниот одбор на СДСМ, Заев изјави дека целта е да се изберат кандидати со интегритет, професионалци во своите области и авторитети во средините во кои живеат и работат.

Портпаролот на партијата, Костадин Костадинов, изјави дека на оваа седница нема да се одлучува кои ќе бидат носители на листи на СДСМ во изборните единици.

Слично

Поврзани вести