„СДСМ ЈА УБИ ВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО СОПСТВЕНАТА МОЌ ДА НАПРАВАТ ПРОМЕНА“: Најчевска вели дека наместо да започнат промена, станаа ДПМНЕ
Професорката Мирјана Најчевска смета дека најголемата штета што СДСМ ја направил е тоа што ја убил вербата на граѓаните во сопствената моќ да направат промена.
„Најголемата штета која ја направи СДСМ е тоа што ја уби вербата на граѓаните во сопствената моќ да направат промена.
После големите демонстрации кога за прв пат се обединија голем број различни луѓе, со различни идеолошки матрици и уверувања (што демонстрациите ги направи шарени и од каде што и произлезе името шарена револуција) околу една идеја: промена, СДСМ наместо да ја започне промената стана ДПМНЕ.
СДСМ како партија не успеа да ги искористи огромниот ентузијазам и спремност на луѓето за промена. Наместо тоа, влезе во чевлите на ДПМНЕ и ја продолжи усталената пракса.
Коалицијата со ДУИ беше финалниот печат на непромената и превласта на мафијата над демократските процеси.
Како резултат на ова се создаде простор за бујање на сиот плевел, на сите штетници и гадинки кои ја освоија секоја педа од општетсвеното живеење.
ДПМНЕ нема суштински капацитет за промена, а СДСМ ваква каква што е и со ова раководство е само ДПМНЕ спакувано во друга опаковка. И нема ниту една партија на Албанците во Македонија која има елементарно разбирање што е демократија, владеење на правото или пак граѓанска држава.
Ќе треба многу време граѓаните да излезат од клиентелистичката апатија во која се западнати и повторно да побараат промена.
И да повторам - главната вина за ова е на СДСМ“, напиша таа.
Слично
