СДСМ ја повикува опозицијата да предложи членови во собраниските комисии за да може да се продолжи мандатот на градоначалниците
Партијата која има мандат ја повика опозицијата да предложи членови во собраниските комисии со што ќе придонесе кон заокружување на функционалноста на Парламентот.
СДСМ ја посочува несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ поради која не можат да се формираат работните тела на Собранието и да се донесат важни закони од интерес на граѓаните.
Тоа во моментов се измените во Изборниотзаконик што треба да овозможат дефинирање датум за локалните избори и продолжување на мандатот на градоначалниците и советите, какоизаконските измени заукинување на екстерното тестирањешто го очекуваат сите граѓани.
„Потребно е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не се плашат од партиското раководство и наместо да штитат нивни лични интереси да се постават какоконструктивна опозицијаво Собранието, со што ќе придонесат во незапирливите демократски процеси“, соопштуваат од СДСМ.
Оттаму бараат да се формираат собраниските комисии, веднаш да биде укинато екстерното тестирање и да биде дефиниран датумот за локалните избори.
